сабота, 20 декември 2025

САД: Вооружен маж упадна во мормонска црква, најмалку едно лице загина, девет се повредени (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина, а девет се повредени кога вооружен маж влета со своето возило во мормонска црква во сојузната држава Мичиген и отвори оган при што ја запали црквата, соопшти полицијата.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Официјалните лица изјавија дека нападот врз црквата на Исус Христос во Гранд Блан, град со 7.700 жители, на околу 100 километри северозападно од Детроит, се случил за време на неделната служба на која присуствувале неколку стотици луѓе, пренесува Си-ен-ен.

Началникот на градската полиција Вилијам Рение изјави дека полицијата го убила осомничениот, чиј идентитет сè уште не е познат, откако размениле оган.

Реније додаде дека полицијата верува дека ќе најде уште жртви во црквата.

„Пожарот сега е локализиран, а кога ќе влеземе внатре, верувам дека ќе најдеме уште жртви“, рече тој.

Според него, деветмина од повредените имаат прострелни рани и се во стабилна состојба.

Рение рече дека 100 агенти на ФБИ пристигнале за да помогнат во истрагата.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, реагираше на злосторството.

„Осомничениот е мртов, но сè уште има многу да се научи. Се чини дека ова е уште еден целен напад врз христијаните во Соединетите Американски Држави. Оваа епидемија на насилство во нашата земја мора веднаш да се запре“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ