Како што пишува Си-ен-ен, ова распоредување доаѓа додека американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот министер за одбрана Пит Хегсет предупредуваат на понатамошни акции против Иран и неговите сојузници, а американските авиони ги продолжуваат нападите во Јемен на бунтовниците хути, кои ги поддржува Техеран.
Сателитски снимки на компанијата Планет лабс, снимени вчера, покажуваат шест бомбардери на пистата на островот, како и хангари во кои би можело да има дополнителни летала. Во воздухопловната база, која е заедничка американско-британска база оддалечена 3.900 километри од јужниот брег на Иран, има и танкери и транспортни авиони.
Diego Garcia air base is over 2,000 miles from Iran, making it an ideal location — far enough to give the U.S. Navy time and space to defend its strategic B-2 bombers from Iranian missiles and drones, yet close enough for the B-2 to strike targets deep within Iran. 2/6 pic.twitter.com/Uvjvf6yvvg
— Naftali Hazony (@nhazony) March 31, 2025
Без директно спомнување на Б-2 бомбардерите, портпаролот на Пентагон Шон Парнел потврди дека американската војска испраќа дополнителни авиони и „други воздухопловни ресурси“ во регионот за да ја подобри одбранбената позиција на САД.
„Соединетите Американски Држави и нивните партнери остануваат посветени на регионалната безбедност и се спремни да одговорат на акциите на кој било државен или недржавен актер кој се обидува да го прошири или ескалира конфликтот во регионот“, кажа Парнел.
Воениот аналитичар на Си-ен-ен Седрик Лејтон изјави дека поставувањето на софистицираните бомбардери вредни 2 милијарди долари испраќа сигнал до американските непријатели. „Ова распоредување Б-2 бомбардери е јасно смислено за да испрати порака, или неколку пораки, до Иран“, вели поранешниот полковник на американското воено воздухопловство.
Лејтон истакнува и дека присуството на Б-2 бомбардерите на Диего Гарсија нема да мине незабележано ни кај другите глобални сили Кина и Русија, бидејќи Иран останува нивен сојузник.