сабота, 6 декември 2025

САД тврдат дека е постигнат напредок со Украина за планот за окончување на војната

Украинските и американските преговарачи заеднички ја повикаа Русија да покаже „сериозна посветеност на долгорочен мир“ откако разговорите во Москва претходно оваа недела не донесоа напредок, пренесе Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави Стив Виткоф и секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност Рустем Умеров ја упатија поканата по дводневните „конструктивни разговори“ на Флорида.

Во изјавата тие наведуваат дека изгледите за завршување на војната во Украина зависат од „подготвеноста“ на Русија да преземе „чекори кон деескалација и прекин на убивањето“.

Преговорите, на кои присуствуваше зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, продолжуваат денес.

„Крајот на војната и веродостојни чекори кон прекин на огнот и деескалација се неопходни за да се спречи обновување на агресијата“, се вели во соопштението во врска со шестата рунда разговори во последните две недели.

На преговорите на Флорида, украинскиот тим бил информиран и за разговорите меѓу претставникот на Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, одржани на почетокот на оваа недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ