понеделник, 2 март 2026

САД: Три наши борбени авиони се соборени случајно, од пријателски оган

Американската Централна команда објави дека три американски борбени авиони се соборени „поради очигледен инцидент со пријателски оган“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведуваат, кувајтската противвоздушна одбрана по грешка доцна во неделата навечер, според источноамериканско време, ги соборила борбените авиони Ф-15Е страјк игл.

„За време на активните борбени дејства, кои вклучуваа напади од ирански авиони, балистички проектили и дронови, борбени авиони на американското воено воздухопловство по грешка беа соборени од кувајтската противвоздушна одбрана“, стои во соопштението. „Сите шест члена на екипажот успешно се катапултираа, безбедно се пронајдени и се во стабилна состојба. Кувајт го призна овој инцидент и благодарни сме им на кувајтските одбранбени сили за напорите и поддршката во оваа операција.“

Причината за инцидентот е под истрага, наведува Централната команда. Авионите учествуваа во воената операција против Иран наречена Операција Епски гнев.

Кувајтскиот министер за одбрана утрово изјави дека се урнале „неколку“ американски борбени авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ