понеделник, 2 февруари 2026

САД сепак се вклучуваа во преговорите на Киев и Москва во Абу Даби

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, треба по посетата на Израел да учествува во следната рунда преговори меѓу Украина и Русија, кои ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби. Ова го објави Барак Равид, дописник за глобални прашања на порталот Аксиос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според новинарот, Виткоф ќе пристигне во Израел на 3 февруари, а потоа ќе отпатува во Обединетите Арапски Емирати за да присуствува на преговорите.

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Марко Рубио претходно изјави дека Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, нема да учествуваат во следната рунда преговори со Русија и Украина, додавајќи дека присуство на САД е „можно“.

На 30 јануари Трамп повторно изјави дека гледа можност за успешни преговори за завршување на руско-украинската војна. Еден ден подоцна, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не знае дали мировните преговори се во последна фаза или дали е сè уште потребно вклучување на неколку земји. Првата рунда трилатерални преговори меѓу Украина, САД и Русија се одржа во Абу Даби на 23 и 24 јануари. Тогаш биле разгледувани параметрите за завршување на војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ