Воената морнарицата го испратила разурнувачот УСС Томас Хаднер да отплови кон источниот Медитеран и му наредила на друг разурнувач да се упати во истата насока, за да биде достапен доколку ѝ притреба на Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп ќе се сретне со лидерите на Советот за национална безбедност за да разговараат за ситуацијата.
Американските воени сили во регионот со денови преземаат мерки на претпазливост, вклучително и доброволно заминување на персоналот кој ѝ помага на војската од регионалните бази, во очекување на нападот и за заштита на тој персонал од одговорот на Техеран.
Околу 30.000 американски војници обично се стационирани на Блискиот Исток. Сепак, тој број се зголеми на 43.000 минатиот октомври поради актуелните тензии меѓу Израел и Иран, како и континуираните напади од страна на јеменските бунтовници хути, поддржани од Иран, врз комерцијалните и воените бродови во Црвено Море.