недела, 14 декември 2025

САД повторно го гаѓаа Јемен

Соединетите Држави вчера извршија нови напади врз цели на Хутите во Јемен, рекле американски службеници за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изворите, кои сакале да останат анонимни, не откриле за кои цели станува збор ниту колку ракети биле лансирани, но американската војска подоцна објави дека се елиминирани 14 хутски ракети спремни за лансирање.

Јеменската новинска агенција Саба наведува дека американски и британски авиони гаѓале подрачја на окрузите Ходеидах, Таиз, Дамар, Ал Бајда и Саада.

Нападите на Хутите, сојузници на Иран, од ноември го забавија поморскиот сообраќај меѓу Азија и Европа. Ова движење почна да ги напаѓа трговските бродови во знак на протест против израелската офанзива во Појасот Газа.

Американската војска претходно вчера објави дека дрон лансиран од подрачје под контрола на хутистите погодил брод во американска сопственост кај Аденски Залив. Притоа никој не бил повреден и е забележана помала штета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ