петок, 6 февруари 2026

САД повикуваат на нов нуклеарен договор во кој би била вклучена и Кина, Пекинг: Не преговараме

Соединетите Американски Држави повикаа на нов договор за контрола на вооружувањето, откако во четвртокот истече договорот со кој се ограничуваше руското и американското стратегиско нуклеарно вооружување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија во септември ѝ предложи на другата страна доброволно да се продолжат условите на договорот за уште една година, со цел да се добие време за разговори за следниот договор, но американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот во објава на социјалните мрежи изјави дека треба да се осмисли нов договор.

Американскиот државен потсекретар за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност, Томас Динано, изјави на Конференцијата за разоружување во Женева дека продолжувањето на Нов СТАРТ, кој поставуваше ограничувања за двете најголеми нуклеарни сили, не би им користело ниту на САД ниту на светот, бидејќи договорот е недоволен и не ја вклучува Кина.

„Денес Соединетите Држави се соочуваат со закани од повеќе нуклеарни сили. Накратко, билатерален договор, односно договор со само една нуклеарна сила, едноставно не е соодветен за 2026 година и за иднината“, рече Динано.

Тој претходно им изјави на новинарите дека Трамп јасно ставил до знаење оти сака нов договор за контрола на нуклеарното вооружување.

Трамп, кој во средата разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг, сака Кина да биде вклучена во договор за намалување на нуклеарното оружје.

Кинескиот амбасадор за разоружување во Обединетите нации, Шен Џијан, изјави во петокот дека неговата земја нема да учествува во нови преговори со Москва и Вашингтон. Пекинг претходно нагласи дека располага со само мал дел од нивниот број нуклеарни боеви глави — околу 600, наспроти проценетите околу 4.000 кај Русија и САД.

Динано им рече на делегатите дека САД се свесни оти Кина спровела нуклеарни експлозивни тестови што се обидела да ги скрие.

„Кина и понатаму е на пат до 2030 година да располага со повеќе од 1.000 нуклеарни боеви глави“, рече Динано, додавајќи дека Русија го поддржува тоа натрупување.

Рускиот амбасадор за разоружување во Женева, Генадиј Гатилов, им изјави на присутните дека е жално што САД не реагирале на обидите за продолжување на Нов СТАРТ, додавајќи дека Москва останува отворена за разговори.

„Ако има сериозни разговори за мултилатерални преговори за контрола или намалување на нуклеарното оружје, Русија во начело би учествувала во таков процес, доколку во него бидат вклучени и Велика Британија и Франција.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ