понеделник, 15 декември 2025

САД: Поддршката за војната на Израел против Палестинците во Газа значително се намали

Поддршката за воената акција на Израел во Газа значително се намали меѓу граѓаните на Соединетите Американски Држави (САД).

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според новото истражување на Галуп, само околу една третина го поддржуваат Израел, додека околу половина од Американците првично ја одобрија војната.

Анкетата покажува дека околу 60 проценти од Американците не ја одобруваат војната на Израел во Газа, во споредба со 45 проценти во ноември 2023 година.

Само 10 проценти од граѓаните под 35 години велат дека ја одобруваат војната на Израел, додека околу половина од оние над 55 години ја поддржуваат.

Анкета покажа дека околу половина од Американците имаат негативно мислење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, што е најнегативната оценка за него од 1997 година, кога првпат беше вклучен во анкетата на Галуп.

Опозициските демократи се против војната на Израел, додека владејачките републиканци генерално ја поддржуваат војната и на Израел и на Нетанјаху.

Уредничката на Галуп, Меган Бренан, изјави дека за прв пат мнозинството Американци имаат неповолен став за Нетанјаху и дека анкетата покажува дека ставовите на граѓаните на САД не се добри за израелската влада.

Според истражувањето на АП-НОРЦ спроведено овој месец, повеќе од 55 проценти од Американците не го одобруваат начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп се справува со војната во Појасот Газа.

Според таа анкета, американските граѓаните веруваат дека САД треба да им обезбедат хуманитарна помош на Палестинците во Газа, наместо да ѝ помагаат на израелската војска, додека владејачките републиканци го велат спротивното: дека воената помош за Израел е со повисок приоритет отколку обезбедувањето хуманитарна помош за Палестинците во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ