„Во последните денови имаше подавање рака меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, иницирано од Вашингтон, но не го достигна нивото на целосни преговори“, рекол изворот. „Пораките се примени преку различни посредници за да се испита дали може да се постигне договор за завршување на војната.“
„Предлозите што се разгледуваат не се насочени само кон постигнување прекин на огнот, туку кон конкретен договор за завршување на конфликтот меѓу САД и Иран“, додал тој, без да наведе дополнителни детали.
Изворот одбил да ги коментира јавните изјави на претседателот Доналд Трамп за преговорите и нагласил дека ставот на Иран отсекогаш бил јасен — дека Техеран е спремен да го разгледа секој изводлив предлог.
„Иран не бара средба или директни разговори со Соединетите Американски Држави, но е подготвен да слуша ако се појави план за одржлив договор што би ги зачувал националните интереси на Исламската Република Иран“, рекол изворот.
„Иран е подготвен да даде сите неопходни гаранции дека никогаш нема да развие нуклеарно оружје, но има право на мирнодопска употреба на нуклеарната технологија.“
Изворот инсистирал дека секој предлог мора да вклучува и укинување на сите санкции воведени против Иран.






