среда, 11 јуни 2025

САД побарале од неколку држави да примат бегалци од Појасот Газа

Соединетите Американски Држави побарале од неколку земји да прифатат „доброволно“ доселување на Палестинците кои бегаат од израелската офанзива во Појасот Газа, изјави денес државниот секретар Марко Рубио.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел населението на Газа, кое речиси целосно повеќе пати беше раселувано од избивањето на војната на 7 октомври 2023 година, повторно го предупреди на нова офанзива, која доаѓа по блокадата на хуманитарната помош која траеше повеќе од два месеци.

Претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати јавно зборуваше за раселување на двата милиони жители на Газа пред енклавата да се обнови.

Како одговор на прашање на сослушувањето пред одборот за надворешни работи на Сенатот, Рубио кажа дека „нема протерување“, туку дека „ако некој е спремен да отиде на друго место на некое време бидејќи е болен, неговите деца мора да одат во училиште или што и да е, дали постојат земји во регионот кои се спремни да ги примат на некое време“.

Тој додаде дека тоа би биле „доброволни лични одлуки“, а сенаторот на опозициските демократи Џеф Мекли праша: „Ако нема чиста вода, нема храна и насекаде дека бомбардира, дали е тоа навистина доброволна одлука?“

Рубио не кажа кои држави се контактирани, но негираше дека меѓу нив е Либија.

Американската телевизија Ен-би-си њуз, повикувајќи се на анонимни извори, неодамна пренесе дека администрацијата на Трамп работи на план за трајно преселување на милион Палестинци од Појасот Газа во Либија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ