недела, 21 декември 2025

САД купуваат 11 мразокршачи од Финска

Американскиот претседател Доналд Трамп му беше домаќин на финскиот претседател Александар Стуб во четвртокот, кога што двајцата лидери најавија договор за додавање на 11 мразокршачи во флотата на Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп кажа дека како дел од договорот САД ќе купат четири мразокршачи направени во Финска, додека преостанатите седум бродови ќе бидат направени во САД. Мразокршачите се бродови дизајнирани да се движат низ замрзнати мориња и ќе имаат важна примена на Арктикот.

„Имаме голема нарачка пред нас. Купуваме мразокршачи. Ги градиме повеќето од нив заедно. Четири ќе бидат таму, а седум ќе бидат тука. Мислам дека имаме прилично добра цена“, кажа Трамп.

„Навистина ни се потребни овие бродови, бидејќи имаме многу територија. Повеќе од кој било друг. Затоа сум многу задоволен што го имаме овој договор“, додаде американскиот претседател.

Стуб кажа дека Финска ќе го испорача првиот брод што ќе го гради за САД во 2028 година. Се очекува бродовите да се користат на Арктикот за да се спротивстават на руското и кинеското влијание.

Во Овалната соба беше и финскиот премиер Пентери Орпо, кој ја истакна економската важност на овој договор за финската економија.

„Овој договор е многу важен за Финска и нашата економија, бидејќи нашата економија многу страда поради руската агресија во Украина“, кажа Орпо.

Ројтерс објави дека се очекува единаесетте мразокршачи да чинат 6,1 милијарди долари. Три брода ќе бидат изградени во Галвестон во Тексас, додека четири ќе бидат изградени во Хоума во Луизијана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ