понеделник, 5 мај 2025
Според Вашингтон пост

САД ќе предложат признавање на Крим како дел од мировниот договор со Украина

На состанокот со украинските и европските претставници оваа недела Вашингтон ќе предложи мировен договор со кој ќе се признае руски суверенитет над Крим и ќе се замрзнат првите линии во конфликтот во Украина, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на свои извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Американски Држави се очекува в среда во Лондон да одржат разговори со украински и европски претставници додека американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да притиска за договор.

Државниот секретар Марко Рубио и претставниците на Трамп, Стив Виткоф и Кит Келог, наводно, ќе се сретнат со министрите за надворешни работи и советниците за безбедност од Франција, Германија, Велика Британија и Украина.

Луѓе запознаени со ова прашање денеска рекле за весникот дека американските предлози, кои ѝ беа претставени на Украина во Париз минатата недела, вклучуваат Вашингтон официјално да го признае Крим како руска територија и евентуално укинување на санкциите против Москва според идниот договор.

Еден западен функционер го опиша притисокот врз Украина како „вџашувачки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ