Во Каракас рано утринава се слушале авиони и експлозии, а бил видлив и столб од чад, јавуваат светските новински агенции. На југот од главниот град на Венецуела, во близина на голема воена база, снемало струја. Неименуван американски функционер за Ројтерс потврди дека Соединетите Држави стојат зад нападот.
Венецуела е директно нападната од САД, соопштија претставници на латиноамериканската земја откако во главниот град Каракас беа слушнати експлозии. Министерот за надворешни работи Иван Хил го обвини Вашингтон дека настојува да ја преземе контролата врз природните ресурси на Венецуела.
Трамп: Мадуро е заробен и изнесен од земјата
Доналд Трамп потврди дека САД извршиле „голем напад“ врз Венецуела.

Американскиот претседател додаде дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил заробен и изведен од земјата заедно со сопругата.






