сабота, 24 мај 2025

САД и Велика Британија постигнале договор за царините

Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер денес ќе објават дека двете земји постигнале договор за царините. Трамп ќе објави дека САД се согласиле на трговски договор со Обединетото Кралство, рекле за Њујорк тајмс три извори запознаени со плановите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Британската влада утрово објави официјално соопштение за трговскиот договор меѓу Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Иако договорот сè уште не е официјално потврден, сè укажува дека е постигнат.

„Премиерот секогаш ќе дејствува во британскиот национален интерес – за работниците, бизнисите и семејствата. Соединетите Американски Држави се неопходен сојузник, и економски и по прашањата од националната безбедност. Разговорите за договорот напредуваат брзо, а премиерот ќе даде повеќе информации во текот на денот“, соопшти Даунинг стрит.

Кир Стармер, лидерот на Лабуристичката партија, утрово одржа говор на Денот на победата во Европа.

„Како што знаете, преговорите со САД се во тек. Ќе слушнете повеќе за тоа од мене подоцна денес“, рече Стармер.

Тој додаде: „Нема сомнение – секогаш ќе дејствувам во националниот интерес, во име на работниците, претприемачите и семејствата, за да обезбедам безбедност и обнова за нашата земја“.

Продолжувајќи го својот говор, тој се осврна на одбранбената политика и најави дека одбранбената индустрија ќе биде клучен дел од економскиот раст и развој под неговата влада.

Се очекува дека нешто повеќе за договорот може да се слушне во парламентот, а подоцна во текот на денот, во 15 часот по локално време, е најавено официјално обраќање од САД, кое го најави синоќа Доналд Трамп.

Министерот за одбрана Џон Хили утрово за Скај њуз изјави дека не може однапред да ги процени случувањата пред официјалното соопштение од Даунинг стрит, но додаде: „Уверен сум дека нашите преговарачи ќе обезбедат добар договор со Америка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ