вторник, 10 јуни 2025

САД и Иран не постигнаа нуклеарен договор по тричасовните преговори

Соединетите Американски Држави и Иран завршија уште една рунда преговори за иранската нуклеарна програма без да постигнат напредок.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Разговорите во Рим, со посредство на арапската држава Оман, завршија по околу три часа, објави во петокот министерот за надворешни работи на Оман, Бадр ал Бусаиди, на социјалната мрежа Икс.

„Петтата рунда преговори меѓу Иран и САД беше завршена денес во Рим со одреден, но не и конечен напредок“, напиша Ал Бусаиди. „Се надеваме дека ќе ги разјасниме преостанатите прашања во наредните денови за да можеме да се движиме кон заедничката цел за постигнување одржлив и фер договор“.

САД неодамна побараа од иранската влада целосно да го запре збогатувањето на ураниум, што Вашингтон го смета за неопходна мерка за да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје.

Техеран ја отфрли уцената, но е подготвен повторно да ја ограничи својата нуклеарна програма и да дозволи построги контроли. Тој продолжува да тврди дека нуклеарната програма е целосно наменета за цивилна употреба.

Експертите ја гледаат оваа централна точка на спорот како одлучувачко прашање дали преговорите ќе пропаднат или ќе успеат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ