сабота, 28 март 2026

САД „би можеле“ да пренасочат оружје од Украина кон Блискиот Исток

Американскиот државен секретар Марко Рубио во петокот изјави дека САД „би можеле“ да пренасочат оружје од Украина кон Блискиот Исток, но дека тоа „сè уште“ не е направено.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа сè уште не се случило“, рече Рубио кога беше прашан за извештаите во медиумите дека дел оружје би можело да биде пренасочено. „Досега ништо не е пренасочено, но би можело.“

„Да бидам јасен, ако Соединетите Американски Држави имаат воена потреба, без разлика дали станува збор за надополнување на нашите залихи или за исполнување некоја мисија во национален интерес на Соединетите Американски Држави, ние секогаш ќе бидеме на прво место“, додаде Рубио пред заминувањето од состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Франција.

Министерот се осврна и на посетата на санкционирани руски законодавци во САД, велејќи дека таа „била закажана претходно“.

„Русија сè уште е моќна земја со нуклеарно оружје и важно е нуклеарните сили да имаат одредено ниво на ангажман на владинo ниво, исто како што имаме на дипломатско ниво“, рече Рубио. „Не мислам дека тоа беше голема отстапка во каква било форма.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ