недела, 8 јуни 2025

Руте: Путин направи грешка испраќајќи делегација од пониско ниво на мировните преговори

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин направил сериозна грешка со тоа што не испратил делегација на високо ниво на мировните преговори во Истанбул, пренесува Анадолија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Путин направи грешка испраќајќи делегација на пониско ниво. Топката е всушност во неговиот двор – тој е оној кој мора да игра, тој мора сериозно да пристапи во потрагата по мир. Целиот притисок сега е врз него“, изјави Руте за новинарите пред самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Руте, од друга страна, ја пофали украинската страна за испраќањето на очекувана и подготвена делегација за сериозни мировни преговори. „Многу е добро што претставници на Украина седнаа на преговарачката маса“, рече тој.

Тој исто така изрази задоволство од ангажманот на Соединетите Американски Држави и напорите на претседателот Доналд Трамп за деблокирање на моменталната ситуација во врска со мировните преговори меѓу Украина и Русија.

Руте претходниот ден во Анталија го нагласи значењето на улогата на Турција како посредник меѓу страните во конфликтот, особено нејзината способност да ги доведе на преговарачка маса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ