вторник, 15 јули 2025

Руте: На Киев никогаш не му беше ветен влез во НАТО како дел од мировните преговори

Посветеноста на неповратниот пат на Украина кон НАТО останува, но на Киев никогаш не му беше ветено членство како дел од мировните преговори, изјави во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руте кажа дека Украина е поканета на самитот на Алијансата во Хаг, кој ќе се одржи за неколку недели.

„Ја поканив Украина на самитот. Што е можно поскоро, ќе објавиме програма со повеќе детали“, им кажа Руте на новинарите пред состанокот со министрите за одбрана во Брисел, пренесува Ројтерс.

На прашањето дали Зеленски лично бил поканет, Руте кажа само дека програмата ќе биде објавена навреме.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, пред два дена кажа дека е важно на самитот на НАТО во јуни да се потврди решеноста Алијансата да остане силна и дека Европа нема да се откаже од сопствената безбедност.

„Им се заблагодарувам на сите што вложуваат максимални напори за одржување на силните врски меѓу Европа и Америка. Треба да го поддржиме претседателот Доналд Трамп, американскиот Конгрес и народот на Соединетите Американски Држави“, кажа Зеленски.

Тој додаде дека, без оглед на тоа што ќе се случува во контекст на глобалната конкуренција, заедничка должност на Европа, Америка и на сите што ја ценат слободата е заедно да ја бранат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ