„Целите на нападот се постигнати. Сите одредени цели се погодени. Ниедна цел на територијата на Полска не беше планирана како мета“, се наведува во соопштението на руското министерство.
Се додава дека дострелот на руските беспилотни летала користени во нападот, кои наводно ја преминале полската граница, „не надминува 700 километри“.
„Сепак, спремни сме да одржиме консултации со полското министерство за одбрана за ова прашање“, порача министерството.
Кремљ одби да го коментира инцидентот, порачувајќи дека тоа е работа на одбранбените функционери.






