петок, 6 февруари 2026

Рускиот генерал во тешка состојба по атентатот

Руските специјални служби го вршат својот дел од работата во врска со атентатот врз генерал-потполковникот на Министерството за одбрана Владимир Алексеев, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Специјалните служби во моментов го вршат својот дел од работата“, изјави Песков, пренесува Риа новости.

Како што претходно соопшти Рускиот истражен комитет, непознат вооружен маж денеска пукаше во Алексеев во станбена зграда во Москва.

Алексеев е хоспитализиран и се наоѓа во тешка состојба.

Според зборовите на претседателот на Комисијата за суверенитет при Јавната комора на Руската Федерација и копретседател на Координацискиот совет за интеграција на новите региони, Владимир Рогов, Алексеев е на интензивна нега.

Рогов изјави дека напаѓачот неколкупати пукал во Алексеев во холот кај лифтот во станбената зграда на Волоколамскиот автопат, а потоа побегнал од местото на настанот. По напаѓачот интензивно се трага.

Покрената е кривична постапка за обид за убиство и недозволена трговија со огнено оружје.

Владимир Алексеев, на 64-годишна возраст, ја извршува функцијата прв заменик-началник на Главната управа на Генералштабот на Оружените сили на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ