Танкерот Јагуар, кој плови без државни ознаки и кој неодамна беше санкциониран од Британија, на 13 мај се наоѓал во естонските територијални води. Кога естонските воени сили го контактирале, руски воен авион прелетал ниско над него. Естонската војска потоа го испратила танкерот надвор од своите води.
„Ова е нешто сосема ново“, кажа естонскиот министер за надворешни работи Маргус Тсахна на состанокот на НАТО во Турција. „Русија сега официјално се поврза со сенишната флота“.
Се проценува дека таа флота вклучува стотици стари и лошо одржувани бродови кои немаат официјална врска со Русија, но извезуваат руска нафта, избегнувајќи ги западните санкции. Сопственоста на овие бродови често е нетранспарентна, а некои се осомничени за инциденти во кои е оштетена подморската инфраструктура, вклучително и оптичките кабли во Балтичко Море. Русија негира каква било вмешаност во овие наводни саботажи за кои нема никакви докази.
Францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро изјави за новинарите дека ова е прв пат Русија да употреби воена сила како одговор на економските санкции, што, како што истакна, „покажува на кое ниво на закана е изложено источното крило на НАТО“.
Веднаш се испратени авиони на НАТО
На видеото од танкерот Јагуар, објавено од главната уредничка на руската државна новинска агенција РТ Маргарита Симонјан, може да се слушне како естонската војска бара бродот да го промени курсот. Видеото, исто така, прикажува руски Су-35 како прелетува над танкерот, кој претходно го носел името Аргент. НАТО потврди дека португалски авиони Ф-16 кои учествуваат во воздушната мисија на НАТО во Естонија биле веднаш испратени во регионот.
🇪🇪🇷🇺 | NEW INCIDENT IN THE BALTIC: Estonian forces attempted to detain the Gabon-flagged JAGUAR oil tanker belonging to Russia’s “Shadow Fleet” in the Gulf of Finland. The vessel was en route to the Russian port of Primorsk.
Estonian vessels, AW139 helicopter and M28 Skytruck… pic.twitter.com/lL9KbnvepJ
— Status-6 (Military & Conflict News) (BlueSky too) (@Archer83Able) May 14, 2025
„Очигледно е дека Кремљ сака да предизвика реакција и да види дали НАТО ќе покаже слабост“, рече Ед Арнолд од британскиот институт РУСИ. Тој додава дека „сигурно ќе има некои во НАТО што ќе речат: „Дали ризикуваме поголем конфликт со Русија поради еден брод?“
Естонците, од друга страна, тврдат дека инцидентот ја докажува ефикасноста на западните санкции.
„Ова покажува дека следењето и санкционирањето на сенишната флота има ефект и дека треба дополнително да се зајакне“, порачуваат естонските одбранбени сили.
НАТО во јануари ја започна иницијативата „Балтичка стража“ со цел да го зајакне своето воено присуство во Балтичко Море. „Го гледаме овој инцидент како руски одговор на „Балтичката стража““, изјави полковник Мартин О’Донел, портпарол на НАТО. „Дестабилизирачките руски акции нема да нè спречат да дејствуваме во согласност со меѓународното право и да обезбедиме безбедност и слобода на пловењето“.