Целта, тврдат тие, е да се донесе на власт во Белград раководство „кое е послушно и лојално на Брисел“. „Мора да се признае дека евроелитите успеваат во многу работи: младите луѓе се радикализираат, преминувајќи од мирни протести кон „револуционерни“ методи на борба и насилство“, се наведува.
Сепак, според тврдењата на СВР, сценариото „обоена револуција“ во Србија не успева. Како причини за ова, тие ги посочуваат „силните патриотски чувства, влијанието на Српската православна црква и сеќавањето на агресијата на НАТО и бомбардирањето на земјата“.
СВР верува дека Европската Унија ќе се обиде да ја искористи годишнината од настаните во Нови Сад на 1 ноември за да ја сврти ситуацијата, а медиумите и невладините организации ќе имаат посебна улога во тој процес.
„Евроелитата ќе ја искористи годишнината од трагичните настани во Нови Сад на 1 ноември, што ги предизвика протестите, за да ја „сврти“ ситуацијата во своја корист. Акцентот е на „перење мозок“ на српската младина и рекламирање на таканаречената „светла европска иднина““, истакнуваат тие, наведувајќи дека „посебна улога им се дава на наводно независните медиуми“.
„Нивната „независност“ треба да се зајакне со „демократски“ европски пари“, забележуваат тие, споделувајќи список на српски новински портали кои добиваат значителна финансиска поддршка од невладини организации поврзани со Брисел.
„Брисел смета на фактот дека финансиското пумпање на медиумите и невладините организации ќе го мобилизира гласачкото тело кое протестира, ќе ги изведе луѓето на улиците и ќе го заврши „српскиот Мајдан“ според сценарио кое е разработено многу пати“, соопшти руско СВР.
Тие тврдат дека „лажните ветувања“ на европските функционери за „скоро влегување во расцутената европска градина“ се само мамка. „На Европската Унија не ѝ е потребен горд и обединет српски народ“, заклучуваат руските разузнавачи.






