Дмитриев претходно на Телеграм напиша дека треба да има средби во Вашингтон на 2 и 3 април со претставници на претседателот Доналд Трамп.
Ова е прва посета на висок руски функционер на Вашингтон од почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година, пишува агенцијата Франс прес.
Дмитриев во својата порака истакна дека продолжувањето на дијалогот со САД е тежок и постепен процес. „Но секоја средба, секој искрен разговор ни овозможува да продолжиме напред. Вистинското разбирање на позицијата на Русија отвора нови можности за конструктивна интеракција, меѓу другото и во инвестициската и економската сфера“, додаде тој, пренесе руската новинска агенција ТАСС.
Во исто време, Дмитриев истакна дека противниците на зближувањето стравуваат дека Русија и САД ќе најдат заеднички јазик, ќе почнат подобро да се разбираат и ќе градат соработка – и во меѓународните односи и во економијата.
Вчера беше објавено дека Димитриев разговарал со претставникот на американскиот претседател Стив Виткоф во Вашингтон, пренесува ТАСС.