недела, 14 декември 2025

Руски политичар: Војската и полицијата се на страната на Вучиќ, во Србија ќе се воведе ред

Српските власти имаат можност да ја контролираат ситуацијата со немирите кои избувнаа во Белград во ноќта на 19 август, благодарение на поддршката на безбедносните сили и решителните потези на претседателот Александар Вучиќ, изјави Виктор Водолацки, пратеник во руската Дума и потпретседател на комитетот за евроазиска интеграција и односи со сонародниците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Водолацки е член на владејачката партија Единствена Русија во Русија и цврст поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин. Во своите изјави, тој често се залага за зајакнување на односите со Србија и поранешните членки на Советскиот Сојуз.

Антивладини протести се одржуваат низ цела Србија со месеци, а светските медиуми објавија дека Вучиќ ги извел хулиганите и приватното обезбедување на улиците, спротивставувајќи им се на демонстрантите.

Руските медиуми пишуваат дека во ноќта на 19 август „во Белград се собрале повеќе од две илјади демонстранти, кои не само што ја нападнале полицијата, туку и уништиле имот, палејќи контејнери за ѓубре и демолирајќи канцеларија на Српската напредна партија“. Вучиќ ги опиша тие настани како обид за спроведување обоена револуција, организирана и финансирана однадвор.

Според мислењето на рускиот претставник, српските власти требало да покажат построга реакција на првите форми на насилство уште есента 2024 година, што можело да спречи понатамошна ескалација на ситуацијата.

„Со оглед на тоа што војската и полицијата се на страната на Вучиќ, редот ќе биде воспоставен во Србија. И следниот пат нема да наседнат на оние „колачиња“ кои ги нудат Европската Унија или Англосаксонците“, кажа Водолачки, а пренесува ТАСС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ