понеделник, 22 декември 2025

Руски официјален претставник: Украинските беспилотни летала синоќа погодија голема гасна централа во Русија (ВИДЕО)

Украински беспилотни летала синоќа погодија голема гасна централа во јужна Русија, предизвикувајќи пожар, изјави локалниот руски гувернер.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Погонот Оренбург со кој управува државниот гасен гигант Гаспром се наоѓа во истоимената област близу границата со Казахстан, и е дел од комплекс за производство и преработка кој е еден од најголемите од тој тип во светот со годишен капацитет од 45 милијарди кубни метри.

Регионалниот гувернер Евгениј Солњцев изјави дека нападите со беспилотно летало предизвикале пожар во работилницата на објект чиј дел е оштетен. Тој додаде дека нема загинати.

Руското Министерство за одбрана рано утрово објави дека руските воздухопловни сили собориле 45 украински беспилотни летала во текот на ноќта, вклучувајќи едно над Оренбургшкиот регион, и вкупно 23 над соседните Самарски и Саратовски региони.

Немаше непосреден коментар од Украина за нападот. Украина во последните месеци ги зголеми нападите врз руските енергетски објекти за кои се верува дека ги финансираат воените напори на Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ