Директорот на установата, Игор Гиренко, изјави дека нападот бил насочен кон прозорците на библиотеката и дека три од шесте фрлени запаливи шишиња не експлодирале.
Тој посочил дека нападот се случил на денот кога бил планиран завршниот настан од фестивалот „Денови на руската култура“.
Локалната полиција и пожарникарите пристигнале на местото за неколку минути.
Заменик-директорот на руската агенција за културна размена, Павел Шевцов, изјави дека институцијата е во контакт со локалните власти.
Чешките власти потврдиле дека се води истрага за нападот и дека осомничениот, кој побегнал од местото, може да се соочи со затворска казна до три години.






