недела, 14 декември 2025

Руски функционер: Најмалку три лица загинаа во украински напад на Курск

Најмалку три лица, вклучувајќи еден војник на Националната гарда, беа убиени во украински напад со беспилотно летало во рускиот град Курск, во близина на границата со Украина, изјави рано утрово вршителот на должноста регионален гувернер Александар Хиштеин.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека седум лица се ранети, а пет од нив, меѓу кои и петгодишно дете, се во тешка состојба.

Официјалниот претставник го осуди нападот на локација за која рече дека е далеку од каква било воена инфраструктура.

Во градот Риљск, две лица беа повредени во напад со беспилотно летало.

Украинските власти утринава соопштија дека една жена е повредена во руски напад во Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ