недела, 21 декември 2025

Руски ФСБ спречил украинско-британски заговор за грабнување авион МиГ-31 со ракета „кинжал“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека спречила обид за украинско-британски заговор за грабнување борбен авион МиГ-31 опремен со хиперсонична балистичка ракета Кинжал, објавија руски медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на службата, Главната дирекција за разузнавање на министерството за одбрана на Украина се обидела да регрутира руски пилоти, ветувајќи им три милиони долари.

Киев на еден од пилотите му понудил државјанство на западна земја. Исто така, го поттикнувале навигаторот да го убие или да го успие главниот пилот во случај на грабнување на авионот. Потоа, воената разузнавачка служба на Украина планирала да го упати „мигот“ во областа на базата на НАТО во Констанца, Романија, каде што воздушната одбрана би можела да го собори и на тој начин да предизвика провокација. Во операцијата биле вклучени соработници на групата Белингкет.

Операцијата била организирана од Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) во соработка со британската разузнавачка служба МИ6.

Како што истакнал пилотот на рускиот ловец, минатата есен бил контактиран од претставник на таа организација, кој се претставил како Сергеј Луговски. Тој му ја испратил својата новинарска легитимација и му понудил пари за консултации за воени теми. Пилотот одбил да продолжи со понатамошни контакти.

„Верувам дека целта на контактот со мене била желбата на Сергеј да ме компромитира, за подоцна да може да се искористи во интерес на разузнавачките служби“, кажал пилотот.

Подоцна телевизискиот канал Русија 24 објави аудио снимка направена од ФСБ – на снимката се слуша како украински разузнавач му дава инструкции на пилотот. На снимката тој објаснува како најдобро да се грабне авионот, вклучително и на која надморска височина и со која брзина. Противникот, исто така, тврдел дека „тоа воопшто не е тешко“.

Киев претходно нудеше парични награди и поддршка на луѓе кои сакале да пребегнат на нивна страна.

Како одговор на провокацијата на Киев, руските Воздушно-вселенски сили почнале ракетен напад со „кинжал“ врз главниот радио-електронски извидувачки центар на Украина и аеродромот Староконстантинов.

„Како одговор на провокацијата помеѓу 9 и 10 ноември оваа година, руските воздухопловни сили го нападнаа главниот центар за радиоелектронско извидување на Главната дирекција за разузнавање на министерството за одбрана на Украина во градот Бровари, Киевска област, како и аеродромот Староконстантинов во Хмелницката област, каде што се распоредени фамозните авиони Ф-16“, се наведува во соопштението на ФСБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ