вторник, 15 јули 2025

Руски аналитичар: Киев се врти кон саботажи бидејќи повеќе нема адути на боиштето

Ненадејното зголемување на украинските напади длабоко во Русија е знак дека на Киев му снемуваат адути на бојното поле и се обидува да остане релевантен за своите сојузници, изјави за РТ рускиот аналитичар и публицист Сергеј Полетаев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полетаев, коосновач и уредник на проектот Ватфор, се осврна на неодамнешниот бран напади со беспилотни летала врз воени аеродроми во пет руски региони, вклучувајќи ги Сибир и рускиот Далечен исток.

РТ пишува во текстот дека украинските медиуми ги прогласиле нападите, наречени „Операција пајажина“, како „историски“ и тврдат дека тие сериозно ја оштетиле руската стратегиска авијација.

Русите ги потврдија нападите, но ги ублажуваат последиците

Руското министерство за одбрана ги потврди нападите, но изјави дека три од петте напади биле успешно одбиени, без штета или жртви. Останатите два напади резултирале со пожар на авиони, кои брзо биле изгасени, соопшти министерството, кое исто така не ја потврди загубата на ниту еден авион.

Дополнително, два моста во руските региони долж границата со Украина биле кренати во воздух за време на викендот. Штетата од едната експлозија исфрлила патнички воз од шините, при што загинаа седум лица, а 71 беа повредени. Рускиот истражен комитет вчера објави дека двата случаи биле „терористички напади“ планирани од Украина за зголемување на цивилните жртви.

Нападите беа извршени непосредно пред втората рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул во понеделникот, а СБУ вчера изврши и два напади врз Кримскиот мост.

Во тие напади врз клучната логистичка врска за руските сили во окупираниот југ на Украина, кои биле подготвувани со месеци, СБУ детонирала 1.100 килограми експлозив поставен на подводните потпори на мостот, но наводно без значителна штета , барем според Москва.

„Ги извадија своите последни адути“

Киев „ги извади своите последни адути“, рече Полетаев, коментирајќи го она што го нарекува „невидени диверзивни активности на Украина“.

Според Полетаев, руско-украинскиот „процес на преговори ќе продолжи бавно во услови на продолжување на непријателствата“. Барањата што ги презентираа страните на преговорите се реални само до степен до кој можат да се спроведат со воени средства, верува тој.

„Секоја страна се чини дека е убедена во моментов дека може да ги спроведат своите барања на еден или друг начин. Или, кога станува збор за украинската страна, можеби само се преправаат – што е, генерално, карактеристично за нив“, кажа тој.

Полетаев верува дека Украина и нејзините европски сојузници очајно се обидуваат да го спречат повлекувањето на Соединетите Американски Држави, бидејќи претседателот Доналд Трамп „се чини дека е решен да го намали американското учество во конфликтот“.

„И Украина и Европската Унија практично го влечат за ракавот за да го спречат да се повлече од војната“, оцени тој, додавајќи дека само големи промени на бојното поле би можеле да влијаат на динамиката на конфликтот, додека улогата на САД и ЕУ во неговиот исход останува нејасна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ