Покрај тоа, тие објавија видео на кое се гледа украински дрон како соборува подигнато знаме.
Рударскиот комплекс, каде што Русите го поставиле знамето, се наоѓа на југоисточниот крај од градот, според порталот Украинска правда. Знамето не било само за пропагандни цели, туку имало и намера да ги убеди украинските бранители дека руските сили веќе зазеле дел од градот.
„Маринците од 38-та бригада го уништија непријателското знаме со дрон. Двајцата руски војници кои го поставија беа лоцирани и елиминирани. Мирноград е под контрола на украинските сили“, соопштија украинските воздухопловни сили, кои објавија и видео од соборувањето на знамето.
Во исто време, воздухопловните сили признаа дека ситуацијата во градот останува комплицирана.
„Во целост, ситуацијата во Мирноград е тешка. Мали руски групи од еден или двајца војници повремено успеваат да се провлечат во градот, но нашите војници со координирани акции „пронајди и уништи“ ги отстрануваат окупаторите. Одбраната на Мирноград продолжува“, се наведува во соопштението на украинското воздухопловство.






