петок, 30 мај 2025

Русите жестоко ја нападнаа Одеса (ФОТО+ВИДЕО)

Руски напад со дронови на украинскиот пристанишен град Одеса синоќа убил две лица, а петмина се ранети, објави гувернерот на регионот Олег Кипер. Во нападот избиле бројни пожари, а оштетени се станбени објекти и училиште, според локалните власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во нападот загинаа две лица, а пет се ранети. Лекарите ја пружаат сета потребна помош на повредените“, објави Кипер.

Русија продолжува да ги напаѓа позициите на украинските сили и покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена најави хуманитарна иницијатива – прекин на огнот кој би требало да почне на 8 мај, по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна, и би траел три дена.

Украинскиот претседател Володимир Зелснки го отфрли краткото примирје, порачувајќи дека постојаните руски напади докажуваат дека Кремљ не сака мир.

„Ние ги цениме човечките животи, а не парадите. Затоа веруваме дека нема причина да се чека до 8 мај“, кажа Зеленски.

Украина на 11 март порача дека го поддржува американскиот предлог за едномесечен целосен прекин на огнот, под услов да го прифати Русија. Москва засега тоа го одбива, истакнувајќи дека тоа само ќе му даде шанса на Западот да го вооружи Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ