недела, 8 февруари 2026

Русија: Во Дубаи е уапсен атентаторот на нашиот генерал

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека во Дубаи е уапсен маж осомничен за оружениот напад врз висок руски воен разузнавач, Владимир Алексејев, во Москва. Осомничениот е екстрадиран во Русија, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на руски наводи.

Фото: ФСБ

Објавено на

часот

Сподели

Генерал-полковникот Владимир Алексејев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан со повеќе куршуми кај станбена зграда во Москва, потврдија истражителите. Според извештаите на руските медиуми, Алексејев по нападот бил опериран.

ФСБ објави дека поради сомнение дека го извршил нападот, во Дубаи бил уапсен рускиот државјанин Љубомир Корба. Според информациите на руските безбедносни служби, Корба е родум од Украина, поточно од Тернополската област. Во Русија допатувал за да го изврши нападот по задача на Украина, тврдат руските власти.

Руската државна новинска агенција Риа новости објави фотографии од двајца мажи, меѓу кои наводно е и Корба.

Се наведува дека соучесници на Корба биле Русите Виктор Васин и Зинаида Серебрицкаја. Првиот, како што тврдат, бил уапсен во Москва, а втората побегнала во Украина. Покрената е постапка за обид за убиство, обид за убиство на воено лице и нелегална трговија со огнено оружје. Потрагата по организаторите е во тек, наведува Риа новости.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини Украина дека стои зад атентатот, тврдејќи дека целта била саботирање на мировните преговори. Украина отфрли каква било поврзаност со нападот. Во меѓувреме, надредениот на генералот Алексејев, адмиралот Игор Костјуков, кој е на чело на ГРУ, ја предводи руската делегација на преговорите со Украина во Абу Даби. Тема на преговорите се безбедносните аспекти на потенцијален мировен договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ