понеделник, 5 мај 2025

Русите: Украинците упаднаа во Курск затоа што бараа елитна чеченска единица

Украинските војници што го нападнаа Курскиот регион конкретно бараа борци од чеченските специјални сили Ахмат, изјави жител на селото Казачја Локња во областа Судак, пренесува РИА новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според жената, украинската војска признала дека околу 50.000 луѓе влегле во регионот Курск на првиот ден од инвазијата. Главната цел, тврди таа, била да се најдат борци од единицата Ахмат, а не само припадници на руската армија, пренесува РИА Новости.

Огромната офанзива на украинските вооружени сили во Курската област започна на 6 август 2024 година. Украинските сили зазедоа приближно 1.250 квадратни километри територија во Курската област за време на почетната фаза на офанзивата во август 2024 година, која вклучуваше контрола над 92 населени места, вклучувајќи го и најголемиот заземен град Суџа.

Сепак, руската контраофанзива од ноември 2024 година постепено ја намали украинската контрола на помалку од 500 квадратни километри до март 2025 година, а поголем дел од територијата беше вратена под руска контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ