четврток, 1 јануари 2026

Русите убија најмалку 23 цивили што чекаа пензии (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Најмалку 23 лица се убиени, а 18 ранети кога руските сили го нападнаа селото Јарова на фронтовската линија во регионот Донецк на 9 септември, соопштија локалните власти.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Гранатирањето се случило околу 11 часот наутро додека жителите се ределе да ги добијат своите пензии, соопштија официјални лица. Меѓу жртвите биле локални пензионери и вработени во Укрпост, државната поштенска служба на Украина, кои ги делеле исплатите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ҐРУНТ (@grntmedia)

Тројца од тешко повредените се во критична состојба, додека останатите се во „повеќе или помалку стабилна состојба“ и се пренесени во Славјанск на понатамошно лекување, изјави Олександр Журавлев, началник на Воената администрација на градот Лиман.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го осуди рускиот воздушен напад врз селото Јарова во регионот Донецк, претходно пишувајќи дека според прелиминарните податоци, загинале повеќе од 20 цивили. Нападот се случил во времето на исплата на пензии.

„Ова не е воена операција – ова е чист тероризам“, напиша гувернерот Вадим Филашкин на својот канал на Телеграм.

Шокантните снимки објавени од властите покажуваат оштетено возило на поштенската служба опкружено со тела.

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го објави нападот на социјалните мрежи.

„Брутално дивјачки руски воздушен напад со воздушна бомба врз руралната населба Јарова во регионот Донецк. Директно врз луѓе. Обични цивили. Во време на исплата на пензии. Според прелиминарните информации, загинале повеќе од 20 лица. Немам зборови… Моето сочувство до сите семејства и најблиски на жртвите“, рече Зеленски.

Тој додаде дека ваквите руски напади не смеат да останат без одговор од светот. „Русите продолжуваат да уништуваат животи, избегнувајќи нови силни санкции и нови силни удари. Светот не смее да молчи. Светот не смее да остане непроменет. Соединетите Американски Држави треба да одговорат. Европа треба да одговори. Г20 треба да одговори. Потребни се силни акции за да се принуди Русија да престане да сее смрт“, рече Зеленски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ