четврток, 12 јуни 2025

Русите тврдат: За 12 часа соборивме 159 украински беспилотни летала во неколку региони на Русија

Руските власти соопштија денеска дека војска за 12 часа соборила 159 украински беспилотни летала во неколку региони на Русија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Од вчера попладне до 01 часот вечерва беа пресретнати и уништени 127 украински беспилотни летала“, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Нападите беа насочени кон руските погранични региони Брјанск и Курск, како и кон Москва.

Според истиот извор, до 5 часот наутро биле соборени 32 беспилотни летала.

Украинската војска редовно испраќа беспилотни летала на цели во Русија како одговор на секојдневните напади на Русија врз Украина во последните три години.

Нападите со беспилотни летала продолжуваат во услови на интензивни европски дипломатски напори, поддржани од САД, за обезбедување прекин на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ