недела, 8 јуни 2025

Русите тврдат дека хеликоптерот на Путин бил мета на напад со дронови во Курск (ВИДЕО)

Хеликоптерот на рускиот претседател Владимир Путин се најде среде масовен напад на украински дронови за време на неговата работна посета на Курската област, изјави командантот на противвоздушната одбрана Јуриј Дашкин во емисијата Вести на неделата на рускиот државен канал Русија 1.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателскиот хеликоптер беше, всушност, во епицентарот на одбивањето на масовен напад со непријателски дронови“, кажа Дашкин. Според него, нападот бил успешно одбиен, а рускиот претседател бил сосема безбеден благодарение на руската војска.

Путин на 20 мај престојуваше во Курската област, каде одржа средби со лидерите на локалните власти и волонтери и посети градилиште на нуклеарна централа во Курчатов.

За време на посетата тој истакна дека е информиран за безбедносната ситуација во регионот, и дека за сè редовно го известуваат владата, оружените сили и разузнавачките служби. Тој ги осуди „криминалните постапки на Украина“ и наложи итна обнова на оштетената инфраструктура на ослободениот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ