вторник, 16 декември 2025

Русите тестирале нов систем за навигација: „Подобар е од ГПС, а не му треба сателит“

Руски експерти тестирале прототип на „ултрапрецизен“ навигациски систем Аријадна кој не зависи од сателити и поднеле барање за регистрација на патент, објави фондот за технолошки иновации за руската државна новинска агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Прототипот на ултрапрецизниот систем за позиционирање и навигација без сателити Аријадна успешно ги помина тестовите и поднесена е апликација за регистрација на патент“, соопшти фондот, кој финансиски ја поддржува непрофитната организација Национална технолошка иницијатива (НТИ).

„Технологијата се базира на базни станици на земјата, радио предаватели кои емитуваат координати до приемници во беспилотни летала и други возила“, објаснуваат тие.

„Системот ја коригира геолокацијата без сателитска комуникација, користејќи алгоритам за пресметка“ развиен од експерти, и нуди точност на позиционирање со маргина на грешка од 15 до 20 сантиметри, додаваат тие.

„Инженерите тврдат дека решението е осум пати попрецизно од ГПС системот и дека гарантира заштита од „лажни“ сигнали и нивното мешање“, го цитира ТАСС соопштението на фондот.

Прецизноста ќе ја подобри „автономијата на навигацијата, вклучително и контролата на беспилотните летала на земја и во воздух“, тврди Евгениј Манделштам, основач на компанијата што управува со ветувачки технолошки проекти како дел од фондот.

Технолошкото решение е „универзално и може да се користи за прилагодување на навигациските податоци, во организацијата на воздушната логистика и контролата на „јата“ беспилотни летала и во земјоделството, а сите делови и софтвери се домашно произведени.

Дроновите сега ќе можат да се користат во земјоделството и да ја обединат работата на комбајните во движење, со прецизност мерена во сантиметри, додава Манделштам.

Предавателите на Аријадна ќе им овозможат на беспилотните летала да доставуваат пратки по воздушен пат и да воспостават „брз коридор“ за автономна логистика. Граѓаните, од друга страна, ќе добиваат сигурни интернет мапи и навигациски услуги дури и кога безбедносните служби ќе се мешаат во ГПС сигналот за да обезбедат заштита од неовластени беспилотни летала, тврди раководителот на компанијата.

Технологијата моментално е во фаза на финализирање и треба да се инкорпорира во системот на „голема агроиндустриска компанија“, нагласува фондот. Пилот-проектот ќе биде лансиран во 2026 година, со „експериментален правен режим“ во регионот каде што ќе се спроведува, забележуваат тие, без да го наведат неговото име.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ