понеделник, 15 декември 2025

Русите погодија центар на украински град со бомба од 500 килограми: Чист терор врз цивили (ФОТО, ВИДЕО)

Во најновиот бран руски напади врз Украина, најмалку три лица ги загубија животите, додека десетици се повредени во нападите врз цивилни цели.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Најтрагичниот настан се случи во Добропиља, во источниот регион Доњецк, каде што на 16 јули, руска воздушна бомба тешка 500 килограми погоди фреквентен трговски центар и пазар во близина. Според регионалниот гувернер Вадим Филашкин, две лица загинаа, најмалку 27 се повредени.

„Русите повторно намерно гаѓаа област полна со луѓе – трговски центар во центарот на градот. Во овој напад нема никаква воена логика“, изјави Филашкин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „едноставно ужасен“ и истакна дека тоа е чист терор против цивилите. Уништени или оштетени се повеќе од 50 продавници, 300 станови и осум возила. Градот Добропиља, кој се наоѓа на само 20 километри од линијата на фронтот, и претходно беше цел на руски напади – во март на истото место загинаа 11 лица, меѓу кои пет деца.

Додека Украина се справува со последиците од нападите на истокот на земјата, нова рунда воздушни напади го погодија градот Днепар во ноќта помеѓу 16 и 17 јули. Според извештајот на Серхи Лисак, началник на регионалната воена управа на Дњепропетровск, едно лице загинало, петмина се ранети. Украинската воздушна одбрана успеа да собори 22 руски беспилотни летала, но некои од нив сепак ги погодија своите цели, предизвикувајќи пожари и штети на индустриските објекти.

Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта уништило дури 122 украински беспилотни летала, кои, според Москва, биле насочени кон главниот град на Русија и другите западни региони на земјата. Најмалку едно лице е повредено, штета е забележана во регионот на Смоленск, додека три беспилотни летала се соборени во московската област.

Три лица загинаа, најмалку 17 се повредени во украински напад со беспилотно летало врз регионот Белгород, според рускиот гувернер Вјачеслав Гладков. Ројтерс забележува дека не може независно да ги потврди овие тврдења.

Во екот на крвавата размена на оган, специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, е во Киев каде разговара за воената и политичката соработка меѓу двете земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ