Русите за пробивот ја искористиле маглата, што значително ја намалило ефикасноста на украинските воздушни операции, односно надзорот со беспилотни летала. Видео од руски војници кои се движат кон Покровск во густа магла се прошири и низ социјалните мрежи.
❗️У мережі з’явилося відео наступу російських військ на Покровськ.
На кадрах видно, що окупанти використовують туманну погоду для просування.
Офіційних даних від українських сил щодо ситуації на місці наразі ще немає pic.twitter.com/GDrdkxQmq9
— NV (@tweetsNV) November 11, 2025
Според извештаите, главната цел на руските сили е да стигнат до северните граници на Покровско и да се обидат да го опколат целиот град.
И покрај ограничената видливост, украинските одбранбени сили продолжуваат да откриваат и елиминираат непријателски групи во урбаните средини. Од почетокот на ноември 162 руски војници се убиени во Покровск, а уште 39 се ранети, според тврдењата на украинската армија.
Различни украински единици, вклучувајќи јуришни и воздушно-десантни групи, сили за специјални операции, Безбедносната служба на Украина и Националната гарда и Националната полиција, учествуваат во одбранбените операции, се наведува во соопштението.






