четврток, 22 мај 2025

Русите лансираа 108 дронови кон Украина

Русија лансираше 108 дронови низ Украина во текот на ноќта и погоди цивилен товарен воз, повредувајќи го машиновозачот, соопштија украинските власти, откако европските лидери му се придружија на претседателот Володимир Зеленски во повикот за 30-дневен прекин на огнот од понеделник.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинската воздушна одбрана уништи 55 дронови лансирани од Русија од 23 часот во неделата, соопштија украинските воздухопловни сили преку апликацијата за пораки Телеграм. Нападот вклучувал и 30 дронови кои се изгубиле по патот, и ништо не погодиле. Беспилотни летала биле соборени во источна, северна, јужна и централна Украина, соопштија воздухопловните сили.

Машиновозач на цивилен товарен воз е повреден во нападот со беспилотно летало врз железничката инфраструктура во источниот регион Донецк, соопштија Украинските железници.

„Предлозите за прекин на огнот се игнорираат, непријателските напади врз железничката инфраструктура… продолжуваат“, соопштија Украинските железници во објава на Телеграм. Рускиот претседател Владимир Путин за барањата за прекин на огнот рече дека се „ултиматум“ и за возврат предложи директни разговори со Украина со цел да се стави крај на војната во четврток, иницијатива прифатена од американскиот претседател Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ