недела, 14 декември 2025

Русите испукале хиперсоничен проектил „циркон“ на воената вежба со Белорусија (ВИДЕО)

Русија објави дека испукала хиперсонична крстосувачка ракета „циркон“ кон симулирана цел во Баренцово Море и, како дел од заедничката воена вежба со Белорусија, суперсоничните ловци-бомбардери сухој Су-34 извршиле воздушни напади.

Објавено на

часот

Сподели

Заедничката руско-белоруска воена стратегиска вежба Запад-2025 почна на 12 септември и ќе трае до 16 септември.

Маневрите, кои се одржуваат секоја втора година, овој пат имаат за цел да ја подобрат воената командна структура и координацијата на вооружените сили со цел да се одврати евентуална агресија против Русија или Белорусија и да се демонстрира подготвеност за користење на сите расположливи сили и ресурси, објави руското министерство за одбрана.

Москва и Минск нагласија дека вежбите се од исклучиво одбранбен карактер и дека немаат намера да нападнат која било членка на НАТО. И покрај ова, воениот сојуз предводен од Соединетите Американски Држави одговори со сопствена операција Источна гарда откако беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор на 9 и 10 септември.

Руското министерство за одбрана објави видео од фрегатата на Северната флота „Адмирал Головко“ како испукува „циркон“ кон цел во Баренцово Море. Видеото го прикажува вертикалното лансирање на хиперсоничен проектил од фрегата, која кратко по полетувањето се свртува под остар агол кон хоризонтот.

„Според податоците за следење добиени во реално време, целта е уништена со директен удар“, објави министерството за одбрана.

Руското министерство наведе и дека противподморнички авиони со долг дострел на мешаниот воздушен корпус на Северната флота учествувале во истите вежби, додека екипажите на Су-34 вежбале бомбардирање на копнени цели.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во 2019 година дека „циркон“ може да лета девет пати побрзо од звукот и да погодува морски и копнени цели на растојанија поголеми од 1.000 километри.

Според руските медиуми, ракетата, позната во Русија како 3M22 „циркон“, а во класификацијата на НАТО како СС-Н-33, има дострел помеѓу 400 и 1.000 километри, додека масата на боевата глава е приближно 300 до 400 килограми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ