сабота, 20 декември 2025

Русите го продаваат својот удел во НИС

Руските сопственици се согласија да го продадат својот удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), кој изнесува 56,15 проценти, изјави денес министерката за рударство и енергетика Дубравка Џедовиќ Хандановиќ, објави Радио телевизија Србија (РТС). Џедовиќ Хандановиќ нагласи дека името на третата страна не се открива бидејќи станува збор за „деловни преговори на сериозни компании“ и дека „додека не се завршат или барем не се дефинираат клучните детали, не е сериозно да се зборува за тоа“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ништо не е скриено од јавноста. Како што можете да видите, досега комунициравме многу транспарентно за сè. Нашето барање е јасно: рафинеријата мора да продолжи да работи и што е можно поскоро да се обезбеди нов прилив на сирова нафта“, кажа српската министерка. Таа потсети дека 43 дена во Србија не пристигнала ниту една пратка нафта од хрватскиот нафтовод Јанаф, а граѓаните тоа не го почувствувале.

„Токму затоа што работевме напорно за да бидеме подготвени за сите сценарија ако и кога ќе се појават предизвици со НИС“, додаде Џедовиќ Хандановиќ. Таа исто така изјави дека НИС, преку своите адвокати во Соединетите Американски Држави, поднел барање до американската влада за продолжување на лиценцата за работа, за да може да продолжи со испорака на сурова нафта и да обезбеди континуирано работење на рафинеријата во Панчево.

„Сега чекаме одлука на американската влада, дали она што го предложија, во кое ние секако сме вклучени, ќе биде прифатено“, кажа таа.

Српската нафтена индустрија, која е под санкции на САД од 9 октомври поради нејзиното мнозинско руско сопствеништво, вчера поднесе ново барање до Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД (ОФАК) за издавање посебна лиценца која би овозможила непречено работење на компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ