среда, 11 јуни 2025

Русите го открија бројот на странски војници кои се борат за нив

Шефот на Истражниот комитет (ИК) на Русија, Александар Бастрикин, на Меѓународниот правен форум во Санкт Петербург изјави дека 20.000 лица кои добиле руско државјанство биле испратени на фронтот во Украина.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе 20 илјади „млади“ граѓани на Русија, кои од некоја причина не сакаат да живеат во Узбекистан, Таџикистан, Киргистан, се во првите редови на бојното поле“, рече Бастрикин.

Тој додаде дека за време на неодамнешните рации, истражителите идентификувале повеќе од 80.000 мигранти кои добиле руски пасоши, но не служеле во војската. Сите се регистрирани во воените служби.

Претходно порталот Инфо24 пренесе дека руската армија се полни со 50-60 илјади доброволци секој месец.

Во исто време, според рускиот претседател Владимир Путин, ситуацијата во Украина е спротивна: „Украинците, како кучиња, ги фаќаат на улиците и ги испраќаат во војска“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ