недела, 14 декември 2025

Русите ги удираат Украинците таму каде што најмногу ги боли – по центрите за регрутација

Руски дронови ги нападнаа канцелариите за регрутирање во украинските градови Харков и Запорожје денес рано наутро, при што беа повредени неколку лица и беше оштетена воена инфраструктура, соопштија украинските копнени сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападот се случи во време кога Русија ги засилува напорите за прекинување на мобилизацијата во Украина.

„Како резултат на нападот, (руските) беспилотни летала ја погодија зградата на канцеларијата за регрутирање во Харков и околината, како и областа во близина на канцеларијата за регрутирање во Запорожје“, објавија украинските копнените сили.

Три лица биле повредени во Харков, додека еден војник бил ранет во Запорожје. Државната служба за вонредни ситуации работи на двете локации изјавија официјални лица.

Таргетирана руска кампања против украинската мобилизација

Овие напади се најновите во, како што ја нарекуваат украинските воени претставници, таргетираната руска кампања насочена кон уништување на инфраструктурата за регрутирање и поткопување на напорите за мобилизација.

Минатиот четврток, две лица беа убиени, а 47 повредени во смртоносен руски напад врз централниот град Полтава. Нападот предизвика пожар во канцеларијата за регрутирање во градот и сериозно оштети цивилни згради во близина, вклучувајќи станбени куќи.

Зборувајќи на националната телевизија по нападот во Полтава, портпаролот на украинските копнени сили, Виталиј Саранцев, кажа дека Русија намерно ги таргетира центрите за регрутирање за да ја наруши способноста на Украина да ги регрутира своите граѓани.

„Ќе продолжиме да ја зајакнуваме нашата армија, да обучуваме војници и да вклучуваме сè повеќе луѓе во одбраната со цел силно да одговориме на непријателот“, ппорача Саранцев.

Бран напади врз центрите за мобилизација низ цела Украина

Нападите како денешниот не се изолирани случаи. Во последната недела имаше неколку слични напади врз канцеларии за мобилизација низ цела Украина. Вчера, беспилотно летало го погоди воениот центар за мобилизација во Кременчук. Според достапните податоци, притоа немало жртви. На 30 јуни, руски дрон погодил центар за регрутирање во Криви Рог, при што биле повредени три лица. Нападот во Запорожје на 26 јуни предизвикал и штета на зградите поврзани со мобилизацијата.

Украинските власти предупредуваат дека ова е систематска кампања насочена кон ослабување на можноста за ротација и надополнување на украинските сили на бојното поле. Според податоците на украинските безбедносни служби, ваквите напади се евидентираат во сè пократки временски интервали и често се насочени кон зори, со цел да се постигне максимален ефект.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ