Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили испалиле балистичка ракета Искандер-М (КН-23) од окупираниот Крим и лансирале вкупно 145 дронови од руските региони Курск и Брјанск. Според украинските податоци, противвоздушната одбрана соборила 80 дронови, додека 42 исчезнале од радарот без регистрирана штета.
— Dominik (@99Dominik_) May 14, 2025
Овие напади се случуваат само еден ден пред најавените преговори во Истанбул, каде што руска делегација би можела да се сретне со украинските преговарачи во обид да се воспостави директен дијалог.
Москва сè уште не открила кој ќе ја претставува Русија, а од Кремљ порачаа дека делегацијата ќе ја „чека украинската страна“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе го чека рускиот лидер Владимир Путин во Истанбул.
Во исто време, Русија тврди дека најмалку 16 лица се повредени во украински напад со беспилотни летала врз регионот Белгород.