недела, 7 декември 2025

Русија: Украинците ја пропуштија последната прилика да го напуштат Покровск

Игор Кимаковски, советник на лидерот на самопрогласената проруска Доњецка Народна Република, изјави дека „украинските сили повеќе немаат можност да се повлечат од Красноармејск (како што Русите го нарекуваат украинскиот град Покровск) откако руските сили ги блокираа сите излезни патишта“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Непријателот повеќе не може да го напушти Красноармејск. Последната рута сега е целосно под наша контрола“, кажа Кимаковски, а пренесува руската државната агенција ТАСС.

Тој тврди дека само мал дел од украинските сили успеале да избегаат во правец на Мирноград, кој Русите го викаат Димитров.

Русија денес објави дека нејзините сили продолжуваат да напредуваат во битките околу стратегиски клучните украински градови Покровска и Купјанск и дека освоиле село на истокот од Украина.

Руското министерство за одбрана објави на апликацијата Телеграм дека армијата го зазела Вовче, место на крајниот југоисток од регионот Дњепропетровск. Според официјалниот попис на населението во Украина, тоа село имало 13 жители во 2001 година, објавува Ројтерс.

Во регионот Доњецк Русија продолжува да освојува територија во битките за секоја куќа во Покровск, како и во блискиот Мирноград. Русија тврди дека двата града се опколени.

Руското министерство објави дека армијата напредува и кон Купјанск, град во регионот Харков, каде што наводно исто така се опколени украинските сили.

Киев признава дека ситуацијата во Покровск е тешка, но тврди дека борбите продолжуваат во сите три града.

Ројтерс не успеал независно да ги потврди воените извештаи од двете страни. Украинска страница Дип стејт која ја следи ситуацијата на терен, објави на својата мапа дека Русија напредувала во близина на Покровск и Купјанск, но не ги опколила украинските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ