понеделник, 6 април 2026

Русија: Украина погоди нафтен терминал на Црно Море

Русија денес објави дека украински беспилотни летала го нападнале црноморскиот терминал на Каспискиот нафтоводен конзорциум (ЦПЦ), преку кој се транспортираат 1,5 проценти од светските залихи на нафта.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Нападот би можел да биде еден од најзначајните украински напади врз руските инсталации на Црно Море од почетокот на војната. Во изминатиот месец Киев ги интензивираше нападите врз руската инфраструктура, пишува Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана објави дека Украина ги нападнала објектите за товарење на ЦПЦ со дронови. Терминалот Јужна Озереевка на ЦПЦ извезува нафта од Казахстан, а меѓу неговите акционери се американските Шеврон и Ексон мобил.

На веб-страницата на ЦПЦ се наведува дека станува збор за проект во кој учествуваат Русија, Казахстан и „водечки меѓународни компании за нафта и гас“.

„Киевскиот режим намерно ги нападна објектите на меѓународната компанија Касписки нафтоводен конзорциум со цел да им нанесе максимална економска штета на нејзините најголеми акционери – енергетски компании од Соединетите Американски Држави и Казахстан“, се наведува во соопштението.

Терминалот на ЦПЦ, кој се наоѓа југозападно од Новоросијск, обработува 80 проценти од извозот на сурова нафта на Казахстан.

Два извори за Ројтерс изјавија дека во одделен инцидент во понеделник вечерта избувнал пожар на нафтениот терминал Шесхарис, на околу 15 километри од терминалот ЦПЦ.

Низ Шесхарис вообичаено дневно минуваат помеѓу 600 илјади и 700 илјади барели сирова нафта. Минатата година, тој извезол 19,8 милиони тони нафтени деривати, објави Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ