петок, 19 декември 2025

Русија тврди дека освоила уште две села во регионот на Доњецк

Русија соопшти дека зазела две села во источниот украински регион Доњецк, зголемувајќи го воениот притисок на терен додека дипломатските напори за изнаоѓање решение за конфликтот се забрзуваат.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Руската војска вчера соопшти дека зазела три села во истата област.

Во соопштение преку Телеграм, руското Министерство за одбрана утрово објави дека ги освоило градовите Среднеје и Клебан-Бик во регионот Доњецк.

Заземањето на Клебан-Бик означува уште еден чекор кон градот Констјатиновка, важно упориште на патот кон Крематорск, што пак е важна точка за украинската логистика на Доњецкиот фронт.

Руската војска ги зголеми своите територијални придобивки во последните месеци против помалите и помалку опремени украински трупи.

Извештаите за рускиот напредок на фронтот пристигнуваат во време кога се намалуваат изгледите за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски, најавена од американскиот претседател Доналд Трамп, чија цел е постигнување мирно решение на конфликтот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера го обвини украинскиот претседател дека го блокира организирањето на средбата со неговиот руски колега, еден ден откако украинскиот лидер упати слични критики кон Москва.

Трамп, кој сака брзо решение на руската војна против Украина, започната во 2022 година, вчера изјави дека си дава рок од две недели да одлучи за својот став во врска со конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ