петок, 11 јули 2025

Русија: Трговската размена меѓу членките на БРИКС достигна билион долари

Трговската размена меѓу членките на групата БРИКС достигна еден билион долари, објави денес претставникот на рускиот претседател за меѓународна економска соработка и извршен директор на Рускиот стабилизациски фонд (РДИФ) Кирил Дмитриев. „Ова значајно достигнување потврдува дека економските врски меѓу членките се продлабочуваат и дека групата БРИКС игра сè поважна улога во преобликувањето на структурата на глобалната економија“, истакна Дмитриев на својот Телеграм канал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Продолжуваме да ги зајакнуваме економските врски, меѓу другото, преку Деловниот совет на БРИКС, како што побара рускиот претседател Владимир Путин“, додаде претставникот за меѓународна економска соработка. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург објави дека вредноста на размената надмина еден билион долари.

„БРИКС денес сочинуваат една третина од светскиот БДП и 24 отсто од меѓународната трговија“

Според соопштението за медиумите од состанокот на министрите за трговија на членовите на БРИКС, одржан кон крајот на мај во Бразил, Јужна Африка, Саудиска Арабија, Кина, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Етиопија, Индија, Индонезија, Иран, Русија и Бразил денес сочинуваат една третина од светскиот БДП и 24 отсто од меѓународната трговија.

Вредноста на трговската размена меѓу членките на БРИКС растела за 9,2 отсто годишно од 2008 до 2024 година, пресметала консултантската фирма Андаман партнерс во извештај објавен на почетокот на јуни, скокнувајќи од 169 милијарди долари на речиси 700 милијарди долари.

Извозот во групата порасна во 2022 година

Извозот во групата нагло се зголеми во 2022 година и оттогаш е во тренд на пораст, што одразува продлабочување на економските врски, првенствено поради санкциите на Г7 врз Русија и континуираните тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Кина.

Кина и Индија го зголемија увозот на ресурси и минерали од Русија, Бразил и Јужна Африка, а Кина почна да извезува повеќе електронски уреди, хемикалии и индустриски стоки, според Андаман партнерс.

Вкупната вредност на извозот на стоки на членките на БРИКС изнесуваше 5,8 трилиони долари во 2023 година, што одговараше на речиси една четвртина од вкупниот светски извоз, според пресметките на Андаман партнерс. Во 2012 година, таа изнесуваше 3,2 милијарди долари, покажуваат податоците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ